Тимот на компанијата Opullex застана зад креирањето на Growth Hub - прв македонски центар каде за кратко време и мала инвестиција можете да стекнете вештини и знаења кои ќе ги примените и на работното место, но и во личната организација.
Сите практики за ефикасност, продуктивност, заштита и организација ги направивме лесно достапни за секој од вас, без притоа да трошите многу време и пари.
Тимот на Growth Hub се состои од професионалци во најразлични области, од индустриско производство, до инженери на производствен погон, аналитичари, како и инженери за електротехника, машински инжинери, доктор - специјалист по медицина на труд и експерти во дигитален маркетинг и продажба.
Мисијата на Growth Hub (powered by Opullex) е да ги доближи обуките кои чинат и неколку десетици илјади евра до професионалците кои немаат ресурси за таква инвестиција, а притоа да го понуди еднаквиот квалитет на едукација и експертиза, без оглед на вашата професионална позадина.
Визијата на Growth Hub е да стане најголемиот македонски едукативен центар кој ќе понуди професионален раст и на експертите во одредени области од индустријата, но и на индивидуалци кои сакаат да научат нови вештини и да ги применат во својата работа. Целта е нашата визија да ја прошириме низ цела Македонија, но и на целиот Балкан и пошироко!
Ние ви нудиме уникатна шанса за контиуиран раст и поддршка во вашите професионални цели. Овие модули и обуки вообичаено чинат илјадници евра и бараат од вас посветеност и по неколку месеци. Сепак, Growth Hub Center формираше иновативна програма за забрзано, но детално учење на сите познати пракси за организација, заштита и раст - без оглед дали сте сопственик на компанија, менаџер на тим или пак вработен на стратегиска позиција кој бара можност да ги унапреди овие вештини.
Дозволете ни да бидеме партнерот за професионален развој кој ви е потребен.
Дознајте повеќе на contact@growthhubcenter.com